Заврши светата миса на плоштадот Свети Петар, наскоро ковчегот ќе биде пренесен низ улиците на Рим

The late Pope Francis' body lies in the chapel of the Casa Santa Marta (VATICAN MEDIA Divisione Foto)
The late Pope Francis’ body lies in the chapel of the Casa Santa Marta (VATICAN MEDIA Divisione Foto)

Погребот на папата Франциск, кој почина во понеделникот на 88-годишна возраст, се одржува денеска на Плоштадот Свети Петар. Потоа, папата ќе биде погребан во римската базилика Света Марија Велика во Ватикан.

Повеќе од 200.000 луѓе присуствуваат на церемонијата на пространиот плоштад пред базиликата Свети Петар. Потврдено е присуството на околу 50 шефови на држави, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп и 10 владејачки монарси. Присутни се и челници од Италија, Франција, Германија, Велика Британија, Украина, Бразил, институциите на ЕУ и родната земја на папата Франциско – Аргентина.

По завршувањето на прошталниот мимоход на граѓаните кои сакаа да му оддадат почит, ковчегот на папата Франциск беше запечатен во петокот навечер на приватна церемонија што ја водеа осум кардинали. Лицето на папата беше покриено со бел свилен вел, а телото беше поросено со света вода.

Во ковчегот беа поставени папски предмети, како ковани пари и медали изработени за време на неговиот понтификат, како и посебен документ со список на клучните моменти од неговото 12-годишно папство.

Франциско побарал да биде погребан во едноставен дрвен ковчег обложен со цинк, за разлика од неговите претходници кои беа погребани во три поврзани ковчези изработени од чемпрес, олово и даб.

Во саботата наутро ковчегот на папата беше изнесен од базиликата на плоштадот. Погребната миса започна во 10 часот со хор кој ги изведе воведните обреди на латински јазик.

Италијанскиот кардинал Џовани Батиста Ре ја одржа проповедта и ја предводеше мисата на која, според очекувањата, сослужуваа 220 кардинали и 750 епископи и свештеници во близина на олтарот, како и повеќе од 4000 други свештеници на плоштадот.

На погребот на папата Иван Павле Втори во 2005 година, проповедта ја одржа германскиот кардинал Јозеф Рацингер, кој 11 дена подоцна беше избран за папа Бенедикт XVI.

Зачлени се на нашиот е-билтен