Самостојна изложба на уметничка фотографија на Глигор Максимовски во Белград

Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово заедно со својот Фото Клуб „МОТУС“ во период од 29 април (вторник) 2025, во просториите на Атеље и Галерија „Чубрило“ – Кула Гардош во Земун, Белград, ќе ја организира самостојната изложба на уметничка фотографија “Illusion of human existance” на својот член Глигор Максимовски.

Глигор Максимовски е роден 1990 година во Куманово, Република Северна Македонија, каде и ден денеска работи и твори. Од 1999 година негов главен интерес и преокупација е уметничката фотографгијата.

До сега има учествувано на преку 300 групни изложби на уметничка фотографија, организирани во над 30 земји, на кои има освоено вкупно 60 награди.

За своите уметнички достигнувања се има стекнато со титула ФА1 на Фото Сојуз на Македнинија  во кој  членува од 2009 година и АFIAP во светската организација FIAP.

Во 2018 година ја има својата прва самостојна изложба „Три погледи“  во  Градската библиотека во Бор и во Радов Бегов Конак во Зајачар, Република Србија.

Глигор Максимовски бил член во меѓународни жирија на неколку меѓународни салони во Република Србија, Република Северна Македнонија, Босна и Хрецеговина и Хрватска, а  во  2020 година  бил и член на жирито на фестивалот за  каток филм „ФИЛММАЈ“ Куманово.

На изложбата ќе бидат изложени вкупно 35 фотографии на тема луѓе во црно бела техника.

Изложбата ќе биде отворена на 29 (вторник) април 2025 во 19 часот во просториите на Атеље и Галерија „Чубрило“-Кула Гардош во Земун, Белград Република Србија.

Зачлени се на нашиот е-билтен