И OpenAI заинтересиран за купување на пребарувачот Chrome од Google

Американското Министерство за правда бара од Google да продаде дел од своето работење, вклучително и интернет-пребарувачот Chrome, за да се спречи доминацијата на пазарот и да се овозможи поголема конкуренција.

Компанијата OpenAI изразила интерес за купување на Chrome, доколку американски федерален судија одлучи дека Google мора да го продаде за да избегне обвиненија за монопол. Ова на судско рочиште го изјавил Ник Тарли, менаџер за производи во OpenAI, пренесува TechCrunch.
Покрај OpenAI, и компанијата Yahoo наводно е заинтересирана да го купи пребарувачот Chrome.

Во моментов, ChatGPT — производ на OpenAI — веќе располага со екстензија за пребарувачот Chrome што е достапна за преземање, но Тарли нагласил дека подлабока интеграција на Chrome во OpenAI би создала уште подобар производ.

Министерството за правда на САД тврди дека Google го монополизирал пазарот и со тоа ја спречил конкуренцијата, па затоа бара продажба на Chrome како дел од решението.

Google, од своја страна, смета дека ваквата владина интервенција би им наштетила на потрошувачите, би го влошила квалитетот на секојдневните производи на компанијата и би го загрозила технолошкото водство на САД на глобално ниво.

Иако ChatGPT Search — функција за интернет-пребарување развиена од OpenAI — бележи сè поголема употреба во Европа, нејзината популарност сè уште значително заостанува зад пребарувачот Chrome на Google, се наведува во најновиот извештај на OpenAI, објавен во американските медиуми.

Дополнително, и Yahoo изрази интерес за купување на Chrome. Брајан Провост, генерален менаџер на Yahoo Search, сведочеше дека поседувањето на прелистувач како Chrome би можело да го зголеми уделот на Yahoo на пазарот на пребарување од сегашните 3% на двоцифрени вредности. Yahoo веќе работи на развој на сопствен прелистувач, но купувањето на Chrome би било побрз начин за постигнување на поголем обем. ​

Интерес за купување на Chrome изразија и други компании, вклучувајќи ги OpenAI и Perplexity, додека DuckDuckGo изјави дека не може да си го дозволи купувањето.

Министерството за правда на САД бара од Google да го продаде Chrome, тврдејќи дека прелистувачот ја зајакнува доминацијата на Google во областа на онлајн пребарувањето. Судската постапка е во тек, а исходот сè уште не е познат.

Зачлени се на нашиот е-билтен