Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски телефонски разговорaше со Џинпинг за прв пат од почетокот на руската војна против Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски телефонски разговораше со кинескиот претседател Си Џинпинг, објави УНИАН, повикувајќи се на порака на официјалниот профил на Зеленски на Твитер.

„Имав долг значаен телефонски разговор со претседателот Си Џинпинг. Верувам дека ова, како и назначувањето на амбасадорот на Украина во Кина, ќе дадат моќен поттик за развојот на нашите билатерални односи“, напиша Зеленски.

Кинескиот претседател Џинпинг изјави денеска дека во однос на кризата во Украина, Кина секогаш стои на страната на мирот, а нејзината главна позиција е промовирање на мирот преку преговори. Ова го објави новинската агенција Синхуа, повикувајќи се на тоа што го кажал кинескиот лидер во денешниот телефонски разговор со неговиот украински колега.

Зачлени се на нашиот е-билтен