Над областа на Алпите се зајакнува моќен циклон, кој од денеска почнува значително да влијае врз временските услови на Балканот, вклучително и во Македонија.
Овој циклон веќе втор ден предизвикува интензивни врнежи и силни пљусоци со грмежи — од Пиринејскиот Полуостров до Алпите и северна Италија. Денеска се очекуваат обилни врнежи низ целиот алпски регион. На северот на Италија и на јужните падини на Алпите се предвидуваат и силни грмежливи бури. Во тие области може да наврнат од 100 до 200 литри дожд по квадратен метар, а локално и повеќе, со сериозен ризик од поплави и надојдени води.
Областа на Алпите ќе претставува граница меѓу многу топла воздушна маса од југ и студена маса од север, што дополнително ќе предизвика екстремни врнежи.
Грмежливи бури ќе го зафатат и подрачјето на Јадранот, а потоа ќе се прошират и врз Балканот, почнувајќи од нејзините северни и западни делови, па се до јужните.