Зоран Бајовски, в.д. директор на Дирекцијата за радијациона сигурност, изјави дека радиоактивниот фон во РЕК Битола не е значително повисок од природниот радиоактивен фон. Според него, извршеното мерење во 2024 година покажа дека нивото на зрачење не ја надминува дозволената граница и не е поголемо од природното зрачење кое присутно е во животната средина.
Бајовски дополнително објасни дека Македонија нема нуклеарна енергија или гориво, но природниот фон на зрачење е неизбежен, поради самата природа. За РЕК Битола конкретно, наведе дека измереното ниво било помало од 5.000 нанохири, иако не сакаше да навлегува во конкретни бројки, додавајќи дека тие ќе бидат доставени на барање. Тој истакна дека сите граѓани, вклучувајќи ги и работниците во индустријата кои се изложени на зрачење, се подложни на природен јонизирачки радијации во граници кои не се штетни за здравјето.
Во врска со работата на Дирекцијата, Бајовски појасни дека институцијата има клучна улога во контрола, надзор и лиценцирање на активности со јонизирачко зрачење, вклучувајќи медицински, индустриски и истражувачки апликации. Во 2024 година издадени се вкупно 237 лиценци и дозволи, а извршени се 151 редовни инспекции и 22 вонредни контроли, со откриени неправилности кај 61 правно лице. Бајовски нагласи дека еден од проблемите со кој се соочува Дирекцијата е недостатокот на физичари, особено за медицинска физика, што се одразува на функционирањето на институцијата.
Освен тоа, за вработените во јавните институции кои работат со радијационо зрачење, Бајовски истакна дека проблем се вработените на договор на дело, особено во стоматолошките ординации и здравствените установи кои користат рендген апарати и радиотерапија. Сите промени во вработувањето на овие работници треба да бидат пријавени во Дирекцијата, за да се избегнат неправилности во работењето.