Д.Н.О со прв акустичен концерт по 20 години – на 25 мај во МКЦ

По повеќе од две децении активно присуство на алтернативната сцена, скопската група Д.Н.О ќе го одржи својот прв акустичен концерт на 25 мај (Денот на младите) во кино Фросина – Младински културен центар (МКЦ).

Овој концерт претставува редок и интимен музички настан, во кој бендот ќе се претстави во поинакво светло – со акустични аранжмани и поблиска комуникација со публиката. Настанот е замислен како специјална вечер со емоции, приказни и нова димензија на познатите композиции на Д.Н.О.

Билетите се достапни преку веб-страницата на МКЦ и на билетарата во просториите на центарот. 

Линк за билети: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1456

Бендот Д.Н.О можете да го следитена следните профили.

Линк до Instagram профил: https://www.instagram.com/dnoenlo?utm_source=ig_web_button_share_sheet&igsh=ZDNlZDc0MzIxNw==

Линк до Spotify акаунт: https://www.instagram.com/dnoenlo?utm_source=ig_web_button_share_sheet&igsh=ZDNlZDc0MzIxNw==

Линк до youtube:
https://youtube.com/@d.n.oofficialchannel8147?si=cfp2FUMex6IziR7-

Д.Н.О  е алтернативен рок бенд од Скопје, формиран на почетокот на 2000-тите. Со својот карактеристичен психоделичен и ретро-инспириран звук, бендот гради култен статус на независната музичка сцена во Македонија. Нивната музика комбинира елементи од алтернативен рок, пост-панк и психоделија, често обоена со носталгичен дух на 80-тите и 90-тите. Познати се по енергични настапи во живо и автентична сценска естетика.

Зачлени се на нашиот е-билтен