Османи: Проширувањето на ЕУ е понеопходно од кога било, треба да се оценува врз основа на дела

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска изјави дека проширувањето на ЕУ е понеопходно од кога било, во време кога политичките и безбедносните настани во светот се непредвидливи и дека во тој процес треба да се ценат дејствијата, а не зборовите.

По средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта,во Приштина, Вјоса Османи изјави дека ЕУ мора да преземе смели чекори кон таа цел и дека Косово е подготвено да го започне патот на европската интеграција.

„Очекуваме дека под ваше водство ќе направиме чекори напред и дека патот кон ЕУ ќе биде отворен за Косово. За да се случи ова, се надеваме дека земјите-членки ќе се согласат да ги укинат неправедните мерки“, рече таа на прес-конференција.

Вјоса Османи додаде дека очекува нов дух во дијалогот со Србија со назначувањето на нов претставник за дијалог. 

Зачлени се на нашиот е-билтен