Костадиновска-Стојчевска: Власта ја укинува независноста на Инспекторатот за македонски јазик

Со предложените измени и дополнувања на Законот за македонски јазик, владеачкото мнозинство ја укинува независноста и буџетската самостојност на Инспекторатот за македонски јазик, нашто што беше прифатено од широката расправа и од препораките на стручната јавност кога се донесуваше овој закон кој го штити и унапредува македонскиот јазик, предупреди пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска на седницата на собраниската комисија за култура на која на дневен ред беа ставени овие измени и дополнувања.

Праѕеничката Костадиновска-Стојчевска укажа дека со овие предлози за измени се се јавува можноста за политичко влијание и ги обвини министерот за култура и туризам дека не смогнал сили овој инспекторат да го остават независен.

„Законот за употреба на македонскиот јазик, којшто го донесовме после 18 години, сите заедно во јануари 2024 година, без разлика на партиска припадност, денес доаѓа на дневен ред за да го измениме онака како што велевме дека нема да го направиме. Односно, една од најголемите борби за којашто се залагавме, во однос на независноста на Инспекторатот за македонски јазик, со предложените измени се предлага негово уназадување“, посочи пратеничката.

Во нејзиното образложение таа укажа на проблематичните предлози со кои, наместо самостојно тело, инспекторатот се предлага да биде само едно од одделенијата во Министерството за култура и туризам.

Костадиновска-Стојчевска нагласи дека е очигледно дека законот не е заглавен во правните лавиринти, како што тврди назначената директорка на инспекторатот, во процесот на услогласување на законот со Законот за организација и работа на органите на државната управа,  туку дека станува збор за процес со кој се настојува да се донесат сите измени кои ќе ја укинат неговата независност. Пратеничката укажа на низата недоследности и проблематични предлози како оние за непостоењето на јасни критериуми за селекција на директорот на инспекторатот, како и во членовите кои предвидуваат негово разрешување, без да биде дефинирани критериумите што значи точно тоа.

Зачлени се на нашиот е-билтен