„Дежа ву“: Нова лицитација со пратеници во македонското Собрание, овојпат од Алијансата на Таравари

Во Собранието повторно се случува лицитација, овојпат од страна на челниците на Вреди, која ја прават со пратениците на довчерашниот коалициски партнер Арбен Тараври. Тие брифираат дека четворица пратеници на Таравари ќе преминат на страната на владејачката коалиција предводена од Изет Меџити, Билал Касами и Ибрахим Ибрахими.

Од Вреди за медиумите брифираат дека во игра е поделба на Алијансата предводена од Тараври, и прелетување на пратеници во коалицијата Вреди, овојпат предводени од вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, за кој велат дека ќе остане во Владата со што ќе му припаднат истите директорски позиции, со се Министерството за здравство.

Од таму не ја исклучуваат можноста Таравари да биде сменет со Зијадин Села, а неговите четворица пратеници да преминат во владејачкиот блок, за што веќе имало средба.

 На оваа темоа денеска Изет Меџити рече дека веќе се во преговори за повеќе опции.

„Ќе видиме како ќе заврши тоа па врз основа на тоа ќе дадеме нов предлог за ресорот здравство. Мислам и на други поединци, групи, политички субјекти кои се надвор од Влен, мислам и на Европскиот фронт кои се опозиција. Со повеќе преговараме ќе ве известиме кога ќе имаме резултатI. Деновиве гледате дека има тензии, има различни размислувања, се отповикуваат видни членови на Алијанса за Албанците и мислам дека грото од членството на Алијанса за Албанците ќе остане во рамките на Влен“, рче првиот вицепрмиер Меџити.

Потпретседателот на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски најави дека во вторник ќе биде констартирана оставката на Таравари. Тој најави и зголемување на мнозинството.

По оставката на Таравари, дел од неговите соработници на фејсбук се оградувата од одлуката за напуштање на Владата, наспроти тврдењето на Таравари дека со ретки исклучоци неговите сопартијци ја поддржуваат одлуката за преминување во опзииција.

Зачлени се на нашиот е-билтен