Цела Европа турка влез на регионов во ЕУ, само ВМРО-ДПМНЕ го негира тоа – Проданоски тврди дека ништо не сме добиле до сега од ЕУ

Осврнувајќи се на патот кон ЕУ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Продановски во емисијата Само вистина изјави дека државата направила многу отстапки а за возврат не добила ништо.

„Направивме и повеќе од доволни отстапки во овие 34 години, а за возврат не добивме ништо. Ние цело време сме пред некакви порти на ЕУ, а направивме сериозни исчекори и тоа по штета на македонскиот национален идентитет и за сметка на тоа ништо не добивме. На крајот, зошто ни е членство во ЕУ ако ние се обезличиме како народ“ рече Продановски. 

Наместо кон ЕУ, тој смета дека државата требало прво да се среди од внатре.

„Добра е оваа политика што оваа Влада ја води, дека ние треба внатрешно да се зајакнеме, да ја зајакнеме економијата. Да го подигнеме животниот стандард и не да бидеме земја која моли за влез во ЕУ, туку природно да дојдеме до тој степен да бидеме членка на ЕУ“ порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Зачлени се на нашиот е-билтен