Северна Кореја ќе испрати илјадници припадници на инженеријата и деминери во Русија, најави вчера од Пјонгјанг секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу.
Како што претходно јавија руските медиуми, Шојгу е во посета на Северна Кореја во рамките на „специјална“ мисија и најверојатно ќе се сретне и со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Шојгу во Пјонгјанг беше и на почетокот од месецот, кога оствари средба со Ким.
Северна Кореја испрати илјадници војници и големо количество конвенционално оружја, како поддршка на Русија во војната против Украина