Петар Богојески, сега веќе поранеше директор на Националната агенција за европски образовни програми (НАЕОП, позната и како Еразмус+), а иден професор на Воената академија, и во овој трансфер период се пресметува со новинарите.
Овој пат, мета на неговитер напади е колешката од „Слободен Печат“, Мирослава Симоновска, која што му поставила прашања во врска со неговите куса е неславна функција како директор на НАЕОП, кои се од сферата на транспаретноста на работата на оваа агенција, како и прашање кое се однесува на неговото заминување од таа функција.
Назместо одговори на прашањата „дали вие (ПБ) имате впечаток дека иднината на агенцијата со нејзините програми за мобилност е на некој начин загрозена поради тоа што не се вратени 2,2 милиони евра, дали се вратени, дали оваа година легнаа сите пари за проекти од „Еразмус+“ и дали во писмото од ЕК со насоки има нешто за тие 2,2 милиони евра“, Богојески, коментирал со „кој ви ги кажува овие глупости“, „јас ве сметав вас за сериозна редакција“ и дека не сака(л) да коментирам инспирирани текстови од осуден семеен насилник со дете со Даунов синдром (?!?).
Во текстот на Мирослава Симоновска за „Слободен печат“, се наведеува дека Европската комисија контактирала со Министерството за образование и наука и изразила загриженост за тоа што Петар Богојески бил поставен за директор на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност. Според „Слободен пачет“, од Европската комисија кога контактирале со МОН, загриженоста ја оправдале со потенцијален судир на интереси и етички причини, базирани на неколку законски рамки коишто се однесуваат на Агенцијата што раководи со парите од програмата на Европската Унија „Еразмус+“ наменета за поддршка во образованието, обуката, младите и спортот во државите во Европа, вклучително и земјава.
Инаку дека Богојески „си заминува“ од агенцијата за Еразмус програмите, Рацин.мк доби потврда од Брисел пред 3 дена, кога извор од кабинетот на Директорката на Директоријатот за образование, млади, спорт и култура – Пиа Хансен, за Рацин.мк рече дека од самиот почеток Директоријатот и клучните одговорни за спроведување на програмата Еразмус+ се изјасниле негативно на назначувањето на Богојески како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.