Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Европскиот парламент ќе гласа за воведување на Истанбулската конвенција

Европскиот парламент следната недела ќе расправа и ќе гласа за одлуката да му се дозволи на Советот на ЕУ да го заврши процесот на ратификација на Истанбулската конвенција.

„Шест години откако ЕУ ја потпиша конвенцијата – првиот правно обврзувачки меѓународен начин за спречување и борба против насилството врз жените и девојчињата – и покрај бројните повици од мнозинството европратеници, документот сè уште не е ратификуван поради одбивањето на неколку земји“, се наведува во соопштението од ЕП.

Судот на ЕУ од 6 октомври 2021 година потврди дека ЕУ може да ја ратификува конвенцијата, дури и без согласност на сите земји од ЕУ, се додава во текстот и се прецизира дека Советот на ЕУ бара согласност од ЕП за завршување на процесот.

„Пристапувањето на ЕУ кон Истанбулската конвенција не ги ослободува земјите од Унијата од обврската сами да ја ратификуваат, што постојано истакнуваат европратениците“, се наведува во соопштението.

Се додава дека мнозинството во ЕП ги повикало Бугарија, Летонија, Литванија, Словачка, Унгарија и Чешка веднаш да ја ратификуваат конвенцијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен