Лисабон и Поругалија ги освоија „туристичките Оскари“ во Црна Гора

Португалија и нејзиниот главен град Лисабон ги освоија главните признанија на 33-тото издание на Европските светски награди за патувања (World Travel Awards), одржани на свечена церемонија во Црна Гора. Лисабон е прогласен за најдобра градска и најдобра крузерска дестинација во Европа за 2026 година, додека Португалија го понесе признанието за водечка европска дестинација во целина.

Наградите што важат за пандан на оскарите во туристичката индустрија беа доделени на свеченост во хотелот „Хајат реџенси Котор беј“ во Црна Гора. Признанија добија водечки дестинации, хотели, авиокомпании и аеродроми на континентот.

Покрај главните трофеи за Португалија, награда за најдобра плажна дестинација доби португалскиот регион Алгарве, додека Атина е прогласена за најдобра дестинација за кратки градски патувања. Италија ја доби наградата за водечка културна дестинација, Ерменија победи во категоријата за културно наследство, Шпанија е избрана за најдобра авантуристичка дестинација, а домаќинот Црна Гора е прогласена за водечка дестинација за љубителите на природата.

Во хотелскиот сегмент, за најдобар нов хотел во Европа е прогласен „Чансери роузвуд“ во Лондон, додека титулата водечки нов ризорт ја освои „АМОХ“ на грчкиот остров Родос. Грција доминираше во сместувачките капацитети – „Авали“ на Крф е водечки нов бутик хотел, „Домс норуз Канија“ на Крит за најдобар избор за меден месец, а „Сани ризорт“ на Халкидики за најдобар семеен комплекс. Венецискиот „Грити палас“ е прогласен за најромантичен европски хотел.

Во категоријата за транспорт, „Туркиш ерлајнс“ е избрана за водечка авиокомпанија во Европа за 2026 година, додека шпанската „Волотеа“ ја доби наградата за најдобра нискобуџетна авиокомпанија. Меѓународниот аеродром во Цирих, Швајцарија, го понесе признанието за водечки аеродром на европскиот континент.

По завршувањето на сите регионални избори, победниците на глобално ниво ќе бидат прогласени на завршната гала-вечер закажана за 12 декември во Танзанија.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?