Две долги колони од над 150 автомобили веќе 40 минути стојат во место на граничниот премин Ќафасан, во обид да влезат во Македонија. Возачите, очајни и нервозни, постојано свират, како да одат на свадба, а не во обид да преминат граница.
На терен владее хаос: осветлување на преминот нема – ниту една ламба не работи, што целата сцена ја прави уште понереална. „Како да сте влезени во епизода од ‘Зоната на самракот’“, коментираше еден од возачите.
Патниците прашуваат: Зошто е толку тешко да се влезе во сопствената земја? Додека институциите молчат, граѓаните се борат со темнината, нервозата и прашањето – дали ова е навистина европски пат?
Очигледно, туристичката сезона е на својот врв, но капацитетите и организацијата на граничните служби – очигледно не се.