Во Кочани почнува проект за реинтеграција на младите во соработка со општина од Франција и од Бугарија

Во Кочани денеска ќе биде официјализиран почетокот на проектот Y-REACH – Реинтеграција на младите преку меѓудисциплинарни пристапи, што ќе се реализира преку програмата Еразмус +.

Партнери во проектот се: Општина Св. Ана од Гвадалуп – Франција и невладината организација Men A Lespwa – Асоцијација за  помош на реформската црква во Гвадалуп – Франција; Општина Пазарџик од Бугарија и НВО Фонд за превенција на криминалот ИГА од Бугарија, како и Општина Кочани и Здружението на Роми „Авена“ од Македонија. 

Целта на проектот е дизајнирање и имплементирање на меѓудисциплинарна програма за пренасочување на адолесценти, информираат од Општина Кочани.

Зачлени се на нашиот е-билтен