Severe Weather Europe објави прва прогноза за зима 2025/2026: Можно е студено и снежно време

Најновите атмосферски податоци укажуваат на значајна промена во висинските ветрови што би можела да донесе лоши услови ширум САД, Канада и Европа. Станува збор за феномен познат како Квазибиенална осцилација (QBO), која претставува образец на ветрови кои го менуваат правецот на секоја една до две години и имаат клучна улога во обликувањето на сезонските временски прилики.

Што е Квазибиенална осцилација (QBO)?
Атмосферата, слично на океаните, има свои циклуси. Еден од најредовните е токму QBO, кој претставува периодична промена на правецот на ветровите високо во тропската стратосфера. Ветровите околу екваторот го менуваат правецот на околу 17 месеци, од исток кон запад и обратно, и се нарекуваат „пулс на срцето на атмосферата“. Ова влијание го менува глобалниот воздушен проток и климата.

Анализата на податоците од последните 20 години покажува дека ветровите се движат кон стратосферата, а сега е активна негативната фаза на QBO, што значи дека источно насочените ветрови се доминантни.

Врската помеѓу QBO и поларниот вир
Клучна причина зошто QBO влијае на зимските прогнози е неговото влијание на поларниот вир, што претставува голема област ладен воздух и низок притисок над поларните региони. Во негативната фаза на QBO, поларниот вир станува нестабилен и склони кон распаѓање, што овозможува студен воздух да продре кон југ и да донесе пониски температури и поголеми снежни врнежи во Северна Америка и Европа.

Првите сигнали за зимата 2025/2026
Иако станува збор за долгорочна прогноза, моделите веќе покажуваат знаци кои се совпаѓаат со негативната фаза на QBO. Изминатите зимски сезони со слични услови биле обележани со блокирачки системи со висок притисок над поларните региони, што го менува протокот на воздушните маси и носи студено време во Средниот Запад и Источниот дел на САД.

Последната прогноза од ECMWF за декември 2025 укажува на високо притисочно поле на север и ниско притисочно поле над источна Канада, што би можело да донесе ладни продори кон САД. За Европа, јануари 2026 е клучен месец, кога се очекува блокада со висок притисок на север, што ќе донесе постуден североисточен ветер и температури околу или под просекот.

Што е изненадно стратосферско затоплување (SSW)?
Најдраматичен настан поврзан со слаб поларен вир е изненадното стратосферско затоплување или нагло зголемување на температурата и притисокот во поларната стратосфера, што предизвикува распаѓање на вирот. Овој феномен, почест во негативната фаза на QBO, може да има долготрајни ефекти на времето во долните слоеви на атмосферата. Историските податоци покажуваат дека после SSW обично следи подолг период на ладно време и повеќе снег во голем дел од Северна Америка и Европа.

Со оглед на сите сигнали, расте веројатноста за студена и снежна зима во сезоната 2025/2026.

Зачлени се на нашиот е-билтен