Над 1.500 хектари земја изгореа во Грција

EPA/YANNIS KOLESIDIS
EPA/YANNIS KOLESIDIS

Во огромен шумски пожар што избувна во раните попладневни часови во петокот во малото гратче Кератеа, на источната периферија на Атина, загина едно лице и предизвика сериозна штета. Во пожарите во Грција изгорени се 1.581 хектари шуми и тревни површини помеѓу Кератеа и Анависос, објави „Катимерини“.

Пожарот, ставен под контрола во раните утрински часови во саботата, го одзеде животот на 76-годишен маж и оштети куќи, автомобили и имот.

Опасноста од пожари е исклучително висока во поширокото подрачје на Атина, како и во регионите Виотија и Евија.

Зачлени се на нашиот е-билтен