Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Руската пропаганда ги засилува лажните наративи за намерата на Полска да присвои делови од Украина

Ако Украинците ги напуштаат соседните региони со Русија, тоа е поради руските проектили и бомби
Неодамна, претседателот на руската Државна дума, Володин, објави антиукраински пост на Телеграм, тврдејќи дека украинските региони Суми и Чернихив наводно се населени со Полјаци, додека Украинците се протеруваат од нивните домови за да ги заменат со „Имигранти лојални на нацистите“. Оваа порака беше активно прифатена од голем број руски медиуми, вклучително и ТАСС.

Ова е уште една ноторна лага на руската пропаганда.

Прво, со почетокот на целосната руска агресија врз Украина, се намали бројот на Полјаците кои влегуваат на територијата на Украина. Релевантната изјава ја даде портпаролот на украинската државна гранична служба Андриј Демченко во коментар за Укринформ. Според неговите зборови, нема нагорен тренд во овој поглед од почетокот на 2023 година.

Второ, Регионалната воена управа на Чернигив нагласи дека таквата изјава била апсурдна лажна.

„Во последните месеци не сум видел ниту еден Полјак, а изјавата на Володин е целосно апсурдна. Украинците бегаат од тука, затоа што Русите праќаат проектили и бомби. Во последните недели се забележани многу интензивни напади. Така, луѓето се обидуваат да се преселат во побезбедни области. Причината поради која бегаат е токму затоа што Русите се обидуваат да ги убијат“, изјави началникот на Одделот за информатичка активност и односи со јавноста во Регионалната воена управа на Чернигив, Андриј Подорван.

Што се однесува до регионот Суми, ситуацијата е слична: Русија продолжува намерно да ги гранатира мирните заедници таму.

Пораката што ја објави Володин уште еднаш ги потврдува напорите на Русија да создаде јавно мислење за наводната полска окупација на Украина и да ги натера двете нации да се караат меѓу себе.

Претходно, руските пропагандисти промовираа лажен наратив за територијата на Украина како „полски земји на предците“ со лажни видеа од варшавските метро станици „Ratusz Arsenał“ и „Centrum“, каде наводно има плакат со повици „Застанете за заштита на предците полски земји. Станете тенковски оператор на Леопард. Заштитете ја Полска во Украина“ со цел пропагандистите да ги вклопат во своите теории дека  „Сè води кон поделба на Украина и трета светска војна“.

Во варшавското метро нема такви плакати, изјави за Укринформ Гжегож Попиеларц, директор на канцеларијата за изнајмување и рекламирање на варшавското метро.

„По проверка, цврсто можам да констатирам дека тое е лажно“, нагласи тој.

Тие исто така, во своите манипулации додадоа лажна фотографија со фрагмент од временската прогноза на полскиот телевизиски канал TVP HD 1, со мапа која го прикажува украинскиот град Лавов како дел од Полска. Згора на тоа, во описот на фотографијата, пропагандистите сугерираа дека дел од територијата на Украина може да биде плаќање за пренос на тенковите Леопард 2.

Како што изјавија за Укринформ од прес-службата на ТВП ХД 1 каналот, мапата прикажана во публикацијата на пропагандистите воопшто не била во етерот.

„Иако водителката е навистина медиумска личност која ја презентира временската прогноза за полскиот ТВ Трвам канал, нејзината силуета беше отсечена од временската прогноза на ТВ Трвам и залепена на карта слична на онаа што ја користи ТВП ХД 1“, соопшти прес-службата на полскиот ТВ канал.

Подготви: Д. Мишев (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен