Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Турските медиуми почнаа да известуваат за прелиминарните резултати во претседателската трка

Турските новински медиуми почнаа да известуваат за прелиминарните резултати во претседателската трка, откако Врховниот изборен совет ги укина ограничувањата за известување, јавува дописникот на Си-Ен-Ен од Истанбул. Само 10,86% од избирачките ливчиња се обработени досега.

Државната новинска агенција Анадолу ги објави раните проекции кои покажаа дека претседателот Реџеп Таип Ердоган е во предност со 58,34 отсто од гласовите, наспроти 35,84 отсто за главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу.

Третиот претседателски кандидат, Синан Оган, досега има добиено 5,21% гласови, јавува Анадолу.

Зачлени се на нашиот е-билтен