Граѓански блокади низ Франција: Сoобраќај во колапс, десетици уапсени

Во Франција утринава започна граѓанска акција под името „Блокирај сè“, иницијатива родена на социјалните мрежи. Еден од главните мотиви за протестите е падот на куповната моќ на граѓаните.

Акциите за блокирање на патиштата и бојкот на купувањето се одвиваат во момент на политичка криза, по смената на центристичкиот премиер Франсоа Бајру и именувањето на новиот премиер, сегашниот министер за одбрана Себастиен Лекорни.

Според полицијата, околу 75 лица се уапсени на пошироката област на Париз, по блокадите на патиштата и обидите за блокирање на прометната обиколница околу главниот град. На терен се ангажирани околу 6.000 полицајци и жандарми. Во раните утрински часови, околу 100 млади активисти од автономното движење блокирале автобуска станица во северниот дел на Париз, пред да интервенира полицијата.

Саобраќајот во Париз е речиси нормален за метро и автобусите, додека има помали нарушувања на некои меѓуградски железнички линии, вклучително и линијата до меѓународниот аеродром Шарл де Гол.

Протести и блокади се пријавени и на западот на земјата, каде демонстрантите палат предмети на вијадукт во Нормандија, како и во градовите Нант и Тулуз, каде околу 200 демонстранти користеле гуми, огради и канти за ѓубре за да го блокираат сообраќајот.

Граѓанските акции во Франција продолжуваат, а властите ја следат ситуацијата со цел да обезбедат јавен ред и безбедност.

Зачлени се на нашиот е-билтен