Д-р Барбов ја сруши пропагандата дека бил човек на Заев: Единствена членска книшка што сум ја имал била таа на ВМРО – ДПМНЕ

барбов

Д-р Иван Барбов ја сруши цела пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ дека бил човек на Заев и Филипче.

„Единствена членска книшка што сум ја имал била таа на ВМРО – ДПМН“, изјави д-р Барбов во „Претрес со Ландов“.

Во поткастот „Претрес со Ландов“, д-р Барбов, на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека единствена членска книшка што сум ја имал била таа на ВМРО – ДПМНЕ и дека случајот „Метастази“, во кој беше гонет, вусшност бил политички мотивиран процес за кој тврди дека таква оценка има и во извештајот на Стејт Департментот на САД.

Во соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ овие денови за случајот Ива Михајлова, се тврди дека лекарскиот извештај изготвен од доктор Иван Барбов, поранешен директор на Клиниката за неврологија, отвора сомнежи за можни политички влијанија, бидејќи во документот било наведено дека потребниот метод на лекување не е достапен во Македонија, но го има во Бугарија.

 „Доктор кој во периодот на власт на СДС во 2017 година беше директор на Клиниката на неврологија, Иван Барбов, поставен лично од Зоран Заев и Филипче, изготвил медицински извештај на неколку страници во кои јасно се вели дека методата за лекување на пациентот Ива Михаилова ја нема во Македонија, а дека истата ја има во една од соседните земји како што е Република Бугарија“.

Д-р Барбов во поткастот на Ландов вели дека се чувствува злоупотребен од Ива Михаилова и од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и дека очекува Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој функционира како орган во состав на Министерството за здравство да ја оцени објективно неговата работа.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?