Урсула фон дер Лајен: Несоодветноста на Европа е болна, време е за обединување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го одржа традиционалниот говор за состојбата на Европската унија пред Европскиот парламент, во кој ги презентираше постигнувањата од изминатата година, ги потенцираше предизвиците со кои се соочува Унијата и ги претстави приоритетите за идната година, како на европско, така и на глобално ниво.

Фон дер Лајен ја отвори својата порака со апел Европа да заземе јасна и силна улога на светската сцена. „Европа се бори за мир, за единство на нашиот континент, за слободна и независна Европа, за нашите вредности и демократија, за нашата слобода и способност сами да ја определуваме нашата иднина“, порача претседателката.

Таа посочи дека денешниот свет е суров и дека граѓаните чувствуваат загриженост поради неизвесноста и кризите кои ги следат во медиумите. „Не смее да се затвораат очите пред проблемите, нашите граѓани тоа го чувствуваат“, додаде таа.

Фон дер Лајен истакна дека Европа мора да биде независна и силна, повикувајќи на обединување: „Само обединета Европа може да биде силна и независна. Одлуката е јасна – единството меѓу членките на Унијата мора да остане приоритет.“

Претседателката го посвети својот говор и на хуманитарните кризи, особено во Украина и Газа, нагласувајќи дека треба итно да се обезбеди помош и заштита за децата и цивилите. „Секоје дете мора да се врати во безбедност, овој конфликт мора да заврши и да се обезбеди мир“, рече фон дер Лајен.

Таа критикуваше и некои членки на ЕУ за недоволно единство и најави пакет мерки со кои Комисијата ќе дејствува самостојно каде што е потребно, вклучувајќи и привремено запирање на финансирање во спорни области без да се влијае на поддршката за цивилното општество.

Во делот посветен на економијата, фон дер Лајен потенцираше дека ЕУ се соочува со предизвици како трговски бариери, пазарни тешкотии и загриженост за работните места, при што ја истакна потребата од развој на научни и технолошки иновации, дигитализација, автомобилска индустрија, земјоделство и производство на храна.

„Европа мора да ја предводи глобалната сцена како што тоа го правеше и порано. Време е за повторно обединување, за да обезбедиме безбедност, стабилност и иднина за нашите граѓани“, заклучи Урсула фон дер Лајен.

Зачлени се на нашиот е-билтен