Новата енергија на независната сцена: Драмски театар ги отвора Деновите на креативноста!

Десет дена, десетина претстави, свежа енергија и неконвенционален театар – Драмски театар од 11 до 20 септември станува епицентар на независната продукција во Скопје!


Драмски театар Скопје ja отвора сцената за најиновативните и најкреативните проекти од независната театарска продукција. Од 11 до 20 септември, публиката ќе има уникатна можност да ги проследи претставите кои ја дефинираат новата генерација уметници – од драмски драми до неконвенционални експерименти што внесуваат свежина и динамика во македонскиот театар.

Отворањето е со „Слугинки“ во режија на Теодора Силјаноска, а во текот на деновите ќе следат претставите „Криег“, „Folie a Deux“, „Лекција“, „Те чекам“, „Волкот на љубовта“, „Фетишист“, „Хинкеман“ и „Вај-Фај“. На двете сцени на Драмски, „Ристо Стефановски“ и „Малата сцена“, ќе се изведат проекти од изминатите две години, овозможувајќи на публиката да ја почувствува енергијата на новите театарски движења.

Драмски ја повикува театарската публика и младите љубопитни познавачи на уметност да дадат поддршка на креативните проекти. „Ова е симбиоза: уметниците внесуваат свежина, а публиката ја дава енергијата за нова, динамична сезона“, велат од театарот.

Билетите за Деновите на независна продукција се веќе во продажба – не ја пропуштајте можноста да бидете дел од оваа револуција на македонската независна сцена!

Зачлени се на нашиот е-билтен