„Ниту една повеќе!“ – протест против насилството врз жените во Скопје

Со силен одзив денес во Скопје се одржа протест против насилството врз жените и растечкиот број фемициди.

Настанот започна во 17:30 часот пред Министерството за внатрешни работи, а продолжи кај Парк Жена Борец во 18:00 часот, организиран од граѓанските организации Стела, Маргини, Медуза и Реактор.

– „Застануваме на улица затоа што насилството мора да престане. Ги обжалуваме сите жени кои беа убиени додека институциите молчеа,“ порачаа организаторите, додавајќи дека насилниците остануваат на слобода, додека жените живеат во страв.

Протестот се одржа во знак на солидарност со жртвите, но и како апел до властите конечно да ги почитуваат протоколите за заштита. Последниот случај – убиството на Росица – беше посочен како трагичен пример за системска неказнивост и институционално игнорирање.

Зачлени се на нашиот е-билтен