Почесниот конзул на Големото Војводство Луксембург, Петар Арсовски, во обраќањето на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, вели дека Северна Македонија е пример за мултикултурализам и дека треба да се продолжи по тој пат.
„Нашиот капацитет е да ги концепираме различностите како предност, а не како хендикеп“.
Тој истакна дека е многу важно постоењето на ваквите дебати за мултикултуралноста и дека инвестициите во ваквиот дијалог се многу важни.
Северна Македонија е во првите 10 – 20 проценти во практиките на мултикултурализмот во светот, нагласи Арсовски .
Тој посочи дека мултикултуралноста не се пренесуваат генетски, и на неа треба да се работи постојано, и дека наредните месеци ќе бидат предизвик како се отвараат преговорите за евроинтеграции и Нашиот капацитет,
Луксембург останува силен поддржувач на евроатланските аспирации на Северна Македонија, додаде на крајот Арсовски.