Северна Макдонија, Грција и Албанија потпишаа декларација за вклучување на Преспа на листата на УНЕСКО

Преспа

Со потпишувањето на заедничката декларација на трипартитен состанок што вчера се одржа во Општина Преспа во Грција, министрите за култура на Северна Македонија, Грција и Албанија ја потврдија својата заедничка посветеност на заедничката подготовка за номинацијата на преспанскиот регион за листата на светско културно и природно наследство на УНЕСКО, како и за зачувувањето и популаризацијата на природното и културното наследство на регионот..

Декларацијата ја потпишаа министерот за култура и туризам на Северна Македонија, Седат Сулејмани, министерката за култура на Грција, Лина Мендони и министерот за туризам, култура и спорт на Албанија, Бленди Гонџа.

Сулејмани рече дека заедничката номинација за УНЕСКО претставува следниот важен чекор во соработката меѓу трите страни. Тој подвлекува дека целта не е само меѓународно признавање, туку долгорочно и одржливо управување со регионот, носејќи конкретни придобивки за локалните заедници.

„Преспа отсекогаш била една целина – и природно и историски – иако бреговите ги делат три соседни земји. Токму во оваа комплексна убавина лежи нашата одговорност: да ја претвориме во катализатор за континуирана, добро координирана и ориентирана кон резултати соработка“, рече македонскиот министер.

Тој забележува дека трите земји веќе имаат солидна основа за продлабочување на соработката, истакнувајќи ги минатите активности и проекти со учество на институции и експерти од Северна Македонија, Грција и Албанија. Сулејмани посочи значајни примери како што се соработката со Европскиот центар за византиска и поствизантиска мудрост во Грција – вклучувајќи ја и конзервацијата на ѕидните слики во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново – како и активностите со албанските институции на островот Мал Град и поддршката на проектот на ЕК „ACT4PRESPA“.

„Овие примери покажуваат дека соработката е веќе достапна, но постојат можности за нејзино проширување“, подвлече Сулејмани. Тој додаде дека преку споделено знаење, добра волја и заеднички интерес, Преспа може да се претвори во модел за успешна прекугранична соработка и заедничко зачувување на културното наследство.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Црвено светло: суштински не го признава 766 (36%)
36 %
Чисто зелено: го признава без дилема 589 (28%)
28 %
Жолто светло: ставот на ЕУ останува нејасен 372 (18%)
18 %
Зелено со резерви: го признава, но не доволно уверливо 280 (13%)
13 %
Во магла сум: немам доволно информации 116 (5%)
5 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Црвено светло: суштински не го признава 766 (36%)
36 %
Чисто зелено: го признава без дилема 589 (28%)
28 %
Жолто светло: ставот на ЕУ останува нејасен 372 (18%)
18 %
Зелено со резерви: го признава, но не доволно уверливо 280 (13%)
13 %
Во магла сум: немам доволно информации 116 (5%)
5 %