Мали тркачи, големи победи – Виталиа ја испиша највеселата спортска приказна на годината!

Вчера арената „Тодор Проески“ беше исполнета со детски чекори, насмевки и аплаузи – на третото издание на „Виталиа Детската трка“! Над 800 деца и повеќе од 2.500 посетители ја претворија атлетската патека во сцена на најмасовниот и највеселиот спортски настан за најмладите во Македонија.

Атмосферата беше вистински спектакл – трибините преполни со родители и другарчиња, гласна поддршка од публиката и радосни извици што одекнуваа до Градскиот парк. Секое дете што ја минуваше целната линија беше пречекано со аплауз, гордост и емоција – токму како вистински шампион.

Оваа година трката беше организирана во соработка со Атлетската Федерација на Македонија. Поддршката и стручноста на Федерацијата му дадоа на настанот дополнителен кредибилитет и гаранција дека сè беше организирано на професионално и безбедно ниво.

За првпат, најмладите имаа чест да трчаат на вистинска атлетска патека и да го почувствуваат адреналинот на професионалниот спорт. Трките се одржаа во четири возрасни категории: 100 м (7–8 години), 200 м (9–10 години), 300 м (11–12 години) и 400 м (13–14 години). И секој од учесниците понесе дома медал – затоа што на Виталиа Детската трка сите се победници!

Настанот беше крунисан со наградна лотарија и вредни подароци, а најважно – со дружење, смеа и незаборавни моменти за секое дете и секое семејство. „Виталиа Детската трка“ денес е повеќе од спорт – таа е симбол на здрави навики, заедништво и детска радост.

Малите тркачи уште еднаш покажаа дека најголемите победи не се мерат во секунди и метри, туку во насмевки, среќа и срца што чукаат како едно. Со нетрпение го очекуваме следното издание – нова генерација деца што ќе трчаат со љубов, енергија и непобедлив дух.

Зачлени се на нашиот е-билтен