111 жители на Трубарево на скрининг, 11 испратени на Пулмологија

На првиот ден од медицинскиот скрининг во Трубарево по пожарот со електронски отпад прегледани се 111 жители, од кои 11 се упатени на дополнителни испитувања на Клиниката за пулмологија.

Скринингот ќе продолжи и наредните денови, а според протокол ќе се повтори по три и по шест месеци.

По пожарот на 13 септември беа регистрирани високи концентрации на тешки метали во воздухот – кадмиум над 10 пати повеќе од дозволеното, како и зголемено присуство на олово и арсен.

Зачлени се на нашиот е-билтен