Утре, на 26 Септември, во 19:00 часот, во галеријата на Младинмскиот културен центар (МКЦ), ќе биде отворена изложбата „Art Beyond Ink”.
„Art Beyond Ink”, според организаторите, претставува динамична изложба во која учествуваат повеке автори со различни пристапи и медиуми. Во соработка со Младинскиот културен центар, под водство на организаторите Симона М.Новаковиќ и Петар Мильковиќ, проектот го нагласува значењето на колективното творење и размената на идеи.
Дел од концептот се и тату артисти, чијс работа jа проширува дефиницијата на уметноста надвор од класичните рамки. Изложбата нуди уникатно искуство каде што различните светови на креативноста се спојуваат во едно.
За изборот на најдобрите дела е задолжено стручно жири предводено од Страхил М. Петровски, а свеченото отворанье на изложбата е во чест на Горазд Кени Китановски.
Изложбата ќе трае 4 дена.