По повеќечасовна интервенција со специјална пена, скопските пожарникари успеаја да го изгаснат пожарот на депонијата кај Арачиново.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, посочи дека, и покрај целосната контрола над огнените јазици, на терен сè уште може да се забележи чадење од неколку места.
Ангелов истакна дека пожарот бил намерно запален, користејќи сончоглед како гориво за огнот.