Шукова: Урбанистичкиот развој на Скопје ќе гарантира квалитетен живот

Шукова

Урбанистичкиот развој на Скопје ќе гарантира квалитетен живот, најавува во својата програма кандидатката за градоначалничка на СДСМ Каја Шукова.

Според Шукова за современ урбанизам и просторно планирање со иднина која ветува град по мерка на сите луѓе, неопходен е стратегиски пристап во неколку фази

На краток рок, Шукова ветува донесување на нов генерален урбанистички план со фокус на одржлив развој и квалитет на животот со воведување строги правила за зачувување на зелените површини и јавните простори.

Во оваа фаза е вкучен и развојот на програма за ревитализација на урбаните простори.

Во планирањето на урбанистичкиот развој на Скопје на среден рок, Шукова предвидува изработка на долгорочна стратегија за урбан развој на градот – Визија за Скопје 2050.

На среден рок ќе се реализира програма за реконструкција и модернизација на постојните јавни објекти, во надлежност на Град Скопје и развој на мешовити зони каде што живеењето, работата и рекреацијата се комбинираат.

Градот Скопје мора конечно да добие јавни тоалети според европски сатнадарди кои редовно ќе се одржуваат.

Во визијата на Шукова на долг рок таа гледа трансформација на Скопје во функционален град со приближување на услугите до местото на живеење на граѓаните.

Создавање јасна градска форма со зачувани природни области (Матка како споменик на природата, Водно како заштитено подрачје, заштита на градските паркови), како и развој на одржливи и енергетски ефикасни населби.

Зачлени се на нашиот е-билтен