СДСМ во Илинден, Петровец, Карпош и Центар, ВМРО-ДПМНЕ во Долнени, Македонски Брод и во Кичево

Втората недела од кампањата за локалните избори 2025 започнува денеска. Претставувањата на кандидатите за градоначалници и советници продолжува, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии. 

Втората недела од кампањата за локалните избори 2025 започнува денеска. Претставувањата на кандидатите за градоначалници и советници продолжува, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии. 

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Долнени, Македонски Брод и во Кичево. 

Караванот на СДСМ е во Илинден, Петровец, Карпош и Центар. 

Левица ќе одржи средби со граѓани на градски плоштад во Македонска Каменица, во Делчево и на градскиот плоштад во Берово.

Граѓанската платформа „Независни заедно“ најави прес-конференција на која ќе се обратат независните кандидати за градоначалници на општина Центар, Билјана Ивановска и на град Скопје проф. д-р  Горан Марковски. 

Во Гостивар прес-конференција ќе одржи и кандидатот за градоначалник Висар Адеми.

На платото пред Млечен ресторан во Карпош изјава за медиумите ќе дадат кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и коалицијата, Каја Шукова и Маја Мојсова, кандидатка за градоначалничка на Карпош.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе оджи прес-конференција на мостот на реката Лепенец во близина на Канал 5.

Зачлени се на нашиот е-билтен