Додека трката за враќање на човекот на Месечината повторно се засилува, земји како САД и Кина развиваат критична инфраструктура за истражување, па дури и потенцијално рударење на Месечината. Еден од клучните елементи во овој процес се месечевите ровери – возила кои ќе овозможат пристап до оддалечени и непристапни делови од површината на природниот сателит на Земјата.


Еден таков напреден модел е Lunar Electric Rover (LER), кој НАСА го развива како мултифункционално возило за долготрајни мисии на површината на Месечината. За разлика од роверите од ерата на Аполо, LER има притисочна кабина, што значи дека астронаутите ќе можат да живеат и работат внатре со денови, без постојано враќање во базен хабитат.
Во моментот, роверот се тестира на црниот вулкански терен кај Black Point Lava Flow во северна Аризона – локација чии геолошки и климатски услови имитираат дел од условите на Месечината. Тестовите се дел од програмата Desert RATS (Research and Technology Studies) на НАСА, која користи сурови пустински терени за симулација на планетарни мисии.

Овие тестирања овозможуваат проверка на техничките карактеристики на LER, начинот на ракување со возилото, како и човечкиот фактор – како астронаутите ќе се снајдат во изолирана и ограничена средина. Волканските формации во Аризона нудат слични предизвици на оние што се очекуваат на Месечината.
LER е само еден дел од пошироките подготовки за мисиите на програмата „Артемис“, преку која НАСА планира нови човечки слетувања на Месечината, со цел поставување на одржливо човечко присуство и подготовка за идни мисии кон Марс.
Извор: Space