Данска ќе помогне во обуката на украински пилоти за борбениот авион Ф-16 од американско производство, изјави денеска министерот за одбрана на таа држава, откако Вашингтон објави дека ќе ги поддржи напорите за обука на пилоти на Киев.
– Скандинавската земја „сега ќе може да продолжи напред за колективен придонес за обука на украински пилоти да летаат со Ф-16, изјави вршителот на должноста министер за одбрана на Данска, Троелс Лунд Поулсен.
Претходно Велика Британија ја поздрави потегот на САД за обука на пилоти за тој тип авиони.
Британскиот премиер Риши Сунак ја поздрави најавата на Вашингтон во објава на Твитер
„Добредојдена е најавата дека САД ќе одобрат обука на украински пилоти за борбени авиони Ф-16. Обединетото Кралство ќе работи заедно со САД и Холандија, Белгија и Данска за Украина да ја добие потребната борбена способност во воздух“, напиша Сунак на Твитер.