Од полноќ поскапуваат горивата, ова се новите цени

Регулаторната комисија утврди нови малопродажни цени на дериватите што важат од полноќ. Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поскапуваат за 0,5 денари по литар и ќе чинат 73,5, односно 75,5 денари за литар. Еуродизелот (Д-Е V) расте за 1 денар – на 68,0 ден./л. Екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така се зголемува за 1,0 ден./л, на 67,5 ден./л, а мазутот М-1 НС поскапува за 0,010 ден./кг – на 36,057 ден./кг.

Одлуката следи по редовното усогласување со движењата на референтните берзански котации и курсот на денарот. Според македонските нафтари, цените и натаму ќе зависат од глобалната понуда и побарувачка и од сезонските фактори.

Зачлени се на нашиот е-билтен