Вчера во атарот на село Рилево, општина Долнени, повозрасен маж бил нападнат од мечка околу 10 часот наутро, додека собирал печурки.
Од нападот тој се здобил со тешки повреди. Откако бил забележан од ловџии, веднаш бил пренесен во прилепската болница, а поради сериозноста на повредите подоцна бил транспортиран во клиниките во Скопје.
Жителите од Прилепскиот регион, особено од општините Долнени и Кривогаштани, предупредуваат дека појавата на мечки во последно време е сè почеста и стравуваат дека ваквите инциденти би можеле да станат пофреквентни.

