Се запали автобус на ЈСП во движење

Утрово на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје се запалил автобус на ЈСП додека бил во движење. Според информациите од МВР, во моментот на инцидентот во возилото немало патници.

Пожарот бил веднаш пријавен, по што на лице место интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје и успеала да го изгаси огнот.

Возачот, кој бил сам во автобусот, не е повреден.

Надлежните служби ќе спроведат увид за да се утврди причината за пожарот.

Извор: Plusinfo

Зачлени се на нашиот е-билтен