Руската Државна дума го усвои во второ читање федералниот буџет за 2026 година, како и проекциите за 2027-2028 година.
Најголемиот дел од вкупно повеќе од седум трилиони рубли (околу 74,2 милијарди евра) ќе биде насочен кон одбрана, безбедност и финансирање на руските сили во Украина.
Дополнително, планирани се значителни средства за реконструкција на училишта, изградба и реконструкција на патишта, развој на руралните средини, како и програми наменети за мал агробизнис и субвенционирани кредити.

Буџетот предвидува и посилна поддршка за семејствата со деца, вклучително и нов додаток за најранливите семејства со две или повеќе деца, како и продолжување на разни програми за помош на мајките.
За овие мерки се обезбедени над 1,8 трилиони рубљи (околу 19,15 милијарди евра), додека сличен износ е планиран за станбени кредити, а повеќе од два трилиони рубљи (околу 21,23 милијарди евра) се наменети за подобрување на станбениот фонд на семејствата со деца.
Во сегментот на социјалните трошоци, планирано е зголемување на студентските стипендии, финансирање на воените колеџи, подобар пристап до научни ресурси, како и обезбедување лекови за пациенти со сериозни и скапи болести.
Буџетскиот дефицит е проектиран на 1,6% од БДП во 2026 година, потоа 1,2% во 2027 година и 1,3% во 2028 година.

