Колумбиската морнарица соопшти дека открила и запленила повеќе од 200 килограми кокаин скриени под трговски брод кој бил подготвен да исплови кон Европа. Дрогата била пронајдена при подводен преглед во пристаништето Буенавентура на пацифичкиот брег.
Специјализиран тим на нуркачи од крајбрежната стража во вторникот открил седум запечатени торби прицврстени под трупот на бродот, кои содржеле пакувања со кокаин. На објавените фотографии се гледаат нуркачи како ја извлекуваат дрогата, како и десетици конфискувани пакети наредени на пристаништето.
На видеоматеријалот објавен од властите се гледаат и осомничени кои се предаваат и се извлекуваат од водата.
Заплената следи неколку дена по уште поголема акција во која колумбиската морнарица конфискуваше над седум тони дрога од два глисери и едно пловило од типот „нарко-подморница“, исто така во Пацификот.
Според американската DEA, околу 90% од кокаинот што пристигнува во САД потекнува од Колумбија.
Divers find over 450 pounds of cocaine hidden underneath ship bound for Europe, Colombia's navy says. https://t.co/LMQki5WxSR
— CBS News (@CBSNews) November 19, 2025
Минатиот месец, администрацијата на Доналд Трамп воведе санкции против колумбискиот претседател Густаво Петро и членови на неговото семејство, обвинувајќи го дека дозволил „процветување на нарко-картелите“.

