Дрекслер: Подобрете ги односите со Бугарија и исполнете ги договорените обврски од 2022 година, за продолжување на преговорите

Дрекслер
Петра Дрекслер, амбасадорка на СР Германија во Македонија, Фото: 360 Степени

Берлин ја смета ЕУ интеграцијата на Западен Балкан за приоритет и бара решителни реформи, а за Македонија препорачува подобрувањето на односите со Бугарија и исполнување на договорените обврски од 2022 година, порача амбасадорката на СР Германија во нашата земја Петра Дрекслер во интервју за 360н степени.

„Со посетата на шесте земји од Западен Балкан, министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул, испрати многу јасна порака, овој регион за Германија има надворешнополитички приоритет. Иднината на Западен Балкан ја гледаме во ЕУ. Министерот за надворешни работи Вадефул и тука, во Скопје, нагласи уште еднаш дека за нас клучот на патот кој води натаму е во решителното спроведување на реформите. Германија и понатаму ќе дава поддршка на натамошниот пат, и да, оваа перспектива за пристап е реална.„

За продолжување на преговорите, потребно е подобрување на односите со Бугарија и исполнување на договорените обврски од 2022 година.

„Во 2022 година успеавме да најдеме компромис. Компромис кој не е совршен, но кој овозможува конечно да се започне со вистински преговори. И договореното важи. Тоа е европска позиција, зад која, секако, стои и Германија.„

Германија очекува сите членки на Советот на Европа, вклучително и Бугарија, да ги спроведат пресудите на ЕСЧП.

Во Берлин постои разбирање дека Македонија има изгубено доверба во процесот и се поддржуваат мерки за враќање на довербата.

Германија повторува дека владеењето на правото е клучно и дека без силно и независно правосудство нема напредок кон ЕУ.

Се потенцира дека околу 30 % од учениците во Македонија учат германски, што ја одразува длабоката поврзаност меѓу двете земји.

Зачлени се на нашиот е-билтен