Денови на Вардар: Ќе се дискутира за заштитата на реката

Вардар
Фотографија: Дојче Веле

Клучните прашања за одржливо управување со сливот на Вардар денеска и утре ќе се дискутираат на настан  „Денови на Вардар 2025“ организиран во рамки на Програмата за управување, користење и заштита на подземните води во Македонија.

Имплементатори и главни корисници на проектот се Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На отворањето на настанот ќе говорат Ане Лашкоска, заменик министер за животна средина и просторно планирање, Албрим Хоџа, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Игор Никоски, директор на Управата за животна средина, Даме Димитровски, советник за животна средина на премиерот, Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија и Штефан Худолин, раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, најави Министерството за животна средина и просторно планирање.

Зачлени се на нашиот е-билтен