Манипулации на Јанкуловска и Мицкоски: „Дописот до Владата“ воопшто не е и пресуда на Стразбур

Стразбур

Манипулацијата се состои во тоа што „дописот до Владата“ воопшто не е и пресуда во ЕСЧП во Стразбур. Сето ова досега на Мицкоски, Јанкулоска и на медиумите кои ги поддржуваат овие изјави, се само манипулација и злоупотреба во дневната политичка борба на актуелната власт.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Кога Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур отвора предмет дали некое судење било правично или не, тоа не значи дека веќе е донесена пресуда дека судењето било неправично.

Но токму тоа се обидуваат да го наметнат поранешната министерка Гордана Јанклуовска со политичките квалификации и оценки за отворањето на нејзиното судење во случајот „Тенк“ и премиерот Мицкоски, кој објавата на Јанклуовска ја употреби во неговата пресметка со судиите.

Како што е познато, во случајот „Тенк“ со Груевски, кому заради бегството му застари предметот, осудени беа и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска – четири години, и поранешнииот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски – четири и пол години, кои веќе ги одлежаа своите казни.

Јанкуловска денеска соопшти дека „Европскиот суд за човекови права објавил дека отвара сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против мене, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата“.

Никој не го спори нејзиното право да поднесе жалба во Стразбур, но крајно несоодветно е, таа постапка е вест дека судот отвора постапка, да се обои во „победа“ и да се тврди дека со тоа  се потврдува, како што оценува Јанклуовска, целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите на претходната власт во правосудството во однос на мене лично, туку и потврда дека токму тие инсталации беа најмоќната алатка за остварување на целите на таа влада

Таа се надева дека конечно ќе има одговорност за сите сторени, како што таа ги квалификува – „зла“, но и ако тоа не се случи, немам дилема дека никој не може да му избега на судот на историјата.

И со тој израз – и ако тоа не се случи – Јанклувска, практично признава дека нејзината објава е доминатно политичка квалификација во која судот во Стразбур е злоупотребен. Затоа што кога Европскиот суд за човекови права во Стразбур отвора предмет дали некое судење било правично или не, тоа не значи дека веќе е донесена пресуда дека судењето било неправично.

Се разбира, ова да му го кажете на премиерот Мицкоски ќе биде џабе трошење енергија зашто и тој во сопствената нервозна борба против судиите и обвинителите, ја злоупотреби објавата на Јанкуловска, исто така со политички квалификации.

Во изјава за новинарите Мицкоски во тој стил ја прокоментира информацијата дека Стразбур отвора постапка околу жалбата на Гордана Јанкуловска дека немала фер шанса за одбрана на судењето за предметот „Тенк“ за кој одлежа затвор од три години. Според Мицкоски дописот од Стразбур до владата е уште една потврда дека судството во земјата е политички октроирано од претходната власт на СДСМ и ДУИ и дека итно ни треба реформа, но не ваква каква што бара ЕУ, туку како што рече „суштинска“,  која нема да се сведе на зголемување на платите.

Манипулацијата се состои во тоа што „дописот до Владата“ воопшто не е и пресуда во ЕСЧП во Стразбур. Така што, да почекаме, да видиме што точно ќе утврди и каква пресуда ќе донесе ЕСЧП. Сето ова досега на Мицкоски, Јанкулоска и на медиумите кои ги поддржуваат овие изјави се само манипулација и злоупотреба во дневната политичка борба на актуелната власт.

Зачлени се на нашиот е-билтен