16-годишник од Охрид силувал 12-годишно девојче, друг малолетник го снимал чинот

На 24.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид уапсиле 16-годишно момче од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршило обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот.

„До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој  го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник. Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор“ информира МВР.

Од СВР Охрид наведуваат дека по целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.   

Зачлени се на нашиот е-билтен