Американски медиуми: Украина се согласила со мировниот план на Трамп

Америнкански медиуми цитирајќи висок американски функционер објавија дека Украина, наводно се согласила со мировниот предлог посредуван од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тие, додаваат дека сепак некои помали детали сè уште треба да се разработат,

Вашингтон го испрати својот почетен мировен план од 28 точки до Киев минатата недела, пред официјалните лица од двете земји да изготват контрапредлог на кризните разговори во Женева за време на викендот.

Европските сојузници, кои изнесоа свој контрапредлог на планот од 28 точки, набрзина закажаа голем број состаноци во последните денови во обид да го одржат темпото на преговорите.

Ова доаѓа по извештаите дека американски и руски претставници, вклучувајќи го и секретарот на американската армија, Ден Дрискол, денес се сретнале на разговори во Абу Даби.

Зачлени се на нашиот е-билтен