Овие денови премиерно беше прикажан новиот спот за новиот сингл од претстојниот албум „Плес на танком леду“, на Дарко Рундек и ЕКИПА.
Станува збор за шаманска и сонлива песна создадена од авторската соработка на Ана Ковачиќ и Дарко Рундек, која ја носи препознатливата длабочина и креативната љубопитност по која се познати и двајцата.
Видеото што беше објавено со песната е резултат на неочекувана уметничка врска. Изборот на авторскиот тим дојде откако Дарко и Санда Хржиќ учествуваа на уметничка работилница посветена на заштитата на реките во 2023 година во Котли, Истра. Меѓу делата што беа создадени за време на процесот и кои минатата година беа претставени во Археолошкиот музеј во Загреб , се издвои видео од македонските уметници Хана Корнети, Ѓорѓе Јовановиќ, театарот „Сенки и облаци“ и Ѓорѓи Митревски.
Оттаму, Санда Хржиќ и Дарко Рундек ги поканија на соработка македонските автори да бидат креатори на видеото, а уметниците со задоволство ја прифатија нивната покана.


Македонските артисто што го креираа спотот се Ѓорѓе Јовановиќ, режија, монтажа, дизајн, анимација: Ѓорѓе Јовановиќ, Хана Корнети, сценарио, екипата на театараот „Сенки и облаци“ учествуваше со глума и сценографија, Ѓорѓи Митревски во продукцискиот дел и со камера, а Санда Хржиќ, го заокружи креативниот дел како уметнички соработник.

