Борел: САД на Трамп веќе не е сојузник на Европа

Борел
European Parliament from EU, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons

Соединетите американски држави на претседателот Доналд Трамп повеќе не можат да се сметаат за сојузник на Европа.

Ова го напиша Жозеп Борел, поранешен потпретседател на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи на Европската Унија.

„Планот на Трамп за ставање крај на војната во Украина го открива неуспехот на стратегијата за помирување на ЕУ. Попуштањето на неговите барања за воени трошоци, тарифи, дигитална дерегулација, мултинационално оданочување и снабдување со енергија не постигна ништо“, напиша уште Борел.

Според него, со „планот од 28 точки за ставање крај на војната во Украина, Соединетите Американски Држави на Трамп повеќе не можат да се сметаат за сојузник на Европа, која дури и не е консултирана за прашања што влијаат на нејзината сопствена безбедност“. „Европа мора да ја признае оваа промена во политиката на САД и да реагира соодветно“, повика поранешниот потпретседател на Европската комисија и врвен претставник за надворешни работи на Европската Унија.

Зачлени се на нашиот е-билтен