Нејмар нема да учествува на Светското првенство?

Бразилецот има повреда на менискусот и повторно паузира, што го доведува под знак прашалник повикот за националниот тим пред Мундијалот

Бразилскиот фудбалер Нејмар повторно е повреден и го очекува нова пауза. Ова е нов проблем за 33-годишниот фудбалер, кој очекува повик во бразилската репрезентација за Светското првенство, но повредата може да го спречи да настапи на Мундијалот. Во следните три дуели „сите финалиња“ Сантос игра против Спорт Ресифе, Хувентуде и Крузеиро).

Нејмар има повреда на менискусот, а на истото колено имаше и операција додека беше член на ПСЖ во октомври 2023 (предни вкрстени лигаменти). По таа повреда никогаш не се врати во вистинската форма.

За Нејмар ова е 45.та повреда од 2014 година. Од тогаш беше повреден 1.429 дена и пропушти 265 натпревари.

Зачлени се на нашиот е-билтен