Пожарникарите спасиле постар маж од запалена зграда во Хонгконг, бројот на жртви порасна на 55

Пожарникарските служби во Хонгконг утрово успеале да спасат постар маж од една од повеќекатниците зафатени од големиот пожар што го зафати станбениот комплекс во округот Тај По, пренесува CNN.

„Се трудиме најдобро што можеме и нема да пропуштиме ниту една шанса да спасиме живот“, изјави Вонг Ка Винг, заменик-директор на Пожарникарската служба, на прес-конференција во Хонгконг.

Тој потврди дека пожарникарите успеале да го лоцираат и извлечат мажот од ходникот на 31. кат од погодената зграда, по што тој бил пренесен во болница.

Вонг истакна дека екипите и понатаму се соочуваат со исклучително тешки услови во внатрешноста на зградите, поради постојано високите температури, паднатите скелиња и оштетените конструкции, додавајќи дека работат кат по кат. „Многу ни е тешко“, рече тој.

Бројот на загинати од пожарот, кој избувна во средата во станбен комплекс составен од осум згради, се искачи на 55. Според најновите податоци, 279 лица сè уште се водат како исчезнати.

Зачлени се на нашиот е-билтен